home

Мировна едукација, мировно новинарство, резолуција 1325 и жените

НВО – Новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина на Македонија во периодот од 7-9 декември во Охрид, хотел Белведере, го одржа тренингот насловен како “Мировна едукација, за безбедноста на жената”.Целта на тренингот беше мировната едукација и улогата на жената во остварувањето на безбедноста. Предавањата се однесуваа и за мировното новинарство, или, како да размислуваме позитивно и секогаш кога имаме улога да испратиме информација таа да има позитивна порака.
Овој тренинг се спроведе во соработка и со поддршка на холандската НВО – Women peacemaker program, а претставува продолжување на проектот 1325 причини зошто,започнат со Француски Каритас.
Учествуваа по 2 претставнички од граѓански организации, НВО, медиумите и локалната самоуправа.
На тренингот материјалите беа двојазични: - македонски и албански.

 

 

Стартува кампањата „1325 Причини зошто“

Невладината организацијата на новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина, по повод светскиот ден на мирот, од утре ја започнува кампањата „1325 Причини зошто?“ , за ратификување на Резолуцијата на Советот на безбедност 1325.

Целта на Кампањата, како што беше соопштено, е да се запознаат граѓаните со важноста на Резолуцијата за жената, мирот и безбедноста, која Советот за безбедност на ООН ја усвои на 31 октомври 2000 година.

Со оваа Резолуција се обезбедува поголемо присуство на жените на сите нивоа на одлучување во националните, регионалните и меѓународните институции и ја истакнува важноста на улогата на жените во решавањето и спречувањето на конфликти и градење на мирот.

Организацијата во соработка со француската Каритас со оваа кампања ќе лобираат до Министерството за надворешни работи со цел оваа Резолуција што поскоро да се ратификува во Парламентот.

„Подготвивме картички кои ќе можат да ги потпишат сите граѓани кои се согласуваат со кампањата. Картичките ќе можат да се испраќаат до Министерот за надворешни работи или на нашата адреса, до 31 септември“-рече Наташа Дуковска, проект менаџер, на денешната прес конференција.

Поради обезбедувањето на рамноправност меѓу половите, ратификувањето на  оваа резолуција има голема важност за влез на Македонија во ЕУ.
Резолуцијата1325 ја имаат ратификувано сите земји од регионот освен Македонија.

Во издание на Невладината организацијата на новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина излезе книгата МИРОВНО НОВИНАРСТВО - АЛАТКА ВО КОМУНИКАЦИЈАТА, од Натасха Доковска. На 56 страни во неколку поглавја е објаснет принципот на мировното новинарство, неговите почетоци и како тоа може да се примени во секојдневната комуникација. Авторот Наташа Доковска е дипломиран новинар и извршен директор на НВО Невладината организацијата на новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина.

 

 

  home

Copyright © 2002 Novinari za prava na zeni i deca i zastita na zivotnata sredina na Makedonija Last modified: April 26, 2008