Новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина на Македонија постои од 1996 година. Оваа НВО е  невладина, непартиска и непрофитабилна организација, етаблирана во септември 1996 година. Општата цел на организацијата  е да се постигне поголема транспарентност и објективност во информирањето, изградба на еден вредносен систем во кој ќе се почитуваат правата на децата,  еднаквоста меѓу половите, загарантираноста на женските права како човекови права и елиминирање на дискриминацијата на жената во општеството и семејството и гарантирање на правото на чиста животна средина. Целта е да ги здружува граѓаните на РМакедонија кои имаат за цел да ја испратат информацијата, да испровоцираат дебата и  да помогнат во почитувањето на традиционалните и моралните вредности во земјата, без разлика на верата, јазикот, полот.

 

Мисија: Мисијата на ЈЦВЕ е јавноста  да се запознае и да ги практикува почитувањата на човековите права. Наша визија е: Инофрмирање - Комуникација - Едукација

  Цели:

-  Размена на информации

-  Работа во мрежа

-  Создавање на поволни услови за развој

- Работа на заеднички проект со други национални и меѓународни организации

Членови:

Новинари кои третираат теми за почитување на човековите права и традиционалните вредности.

Задачи:

- Организирање на ситем од конкретни мерки за почитување на човековите права

- Обезбедување на економска сигурност на жената

- Подоржување на сите видови на акции кои се однесуваат на заштита на жената од секаков вид на насилство

- Организирање на тренинзи за новинари и односи за јавноста

Методи за реализирање на целите се:

- Информација

- Комуникација

- Интервенции и тренинзи.

 

 

ДЕТСКА НАДЕЖ

прв шелтер за деца на улица во Македонија!

Copyright © 2002 Novinari za prava na zeni i deca i zastita na zivotnata sredina na Makedonija Last modified: February 18, 2002