| |
Детска
надеж - прв шелтер за деца во Македонија
Деца на улица...
...напуштени од родителите, исфрлени надвор од домовите, оставени на милост и
немилост на улицата и наслучајните намерници...!
Ги има насекаде... Сенад, Хаси, Сула, Едо, Џани, Бедрија, Мила...На секоја улица,
во секоја населба, пред секоја зграда. На сите возрасти, од пелени до срамежливи
девојчиња Со налакирани нокти. Сами или со своите пријатели ги минуваат деновите
и ноќите под ведрото небо. И, не прашуваат за утре.
Не знаат за иднината и не ја бараат.
Гледаат како да го минат денот
И со пружената рака за парче леб
Да го наполнат празниот стомак.
Невините натажени очиња, желни за љубов и нежен збор, молат за разбирање. А, тоа,
разбирањето го има многу малку. Или, воопшто го нема. Тие се заборавени од сите...од
семејствата, од пријателите, од општеството...
Невладината организација Новинари за права на жени и деца и заштита на животната
средина на Македонија во својата истражувачка дејност во оваа сфера, дојде до
некои релевантни податоци:
Од досегашните истражувања и анкети правени низ Македонија, има 1000 деца на
улица. Тие се поделени во неколку подгрупи:
- деца без родители
- деца со еден родител
- децана разведени родители
- деца во нарушени семејни односи ( родителите им се во брак, но станува збор за
семејства каде што еден од родителите е зависник од алкохол, дрога...)
Nota
bene:
- 30 отсто
од вкупниот број на деца на улица се деца без родители. Нивниот број е
значително помал во однос на другите од причина што овие деца се
сместени во домови.
Возраст:
- предучилишна ( 0 - 6 години)
- училишна ( 7-11 години)
- тинејџери (над 12 години)
Фреквентираат:
- Скопје, Струмица, Охрид, Штип, Куманово, на меѓуградските автобуски
станици, на железничките станици, во трговските центри, на пазарчињата,
на големите раскрсници
Бројката од околу 1000 деца на улица можеби и не е голема во споредба со
другите земји, посебно во споредба со земјите во транзиција. Во
Македонија ова станува проблем на денешнината, и со заострувањето на
економската ситуација во земјата, бројаката секој ден станува се
поголема. И, затоа тоа е причина повеќе која што мора да опоменува.
Со самото тоа и ризикот за насилство врз овие деца станува се поголем.
А, и пријавите за малолетничка деликвенција кои стасуваат до МВР се
однесуваат во прв ред на овие деца.
Статистичките податоци за првите три месеци од 1999 г. укажуваат на тоа
дека децата на улица се најризичната група, која од една страна лесно
може да биде жртва на насилство, а од друга уште полесно може да премине
во групата на насилници.
Во првите три месеци од годината има пристигнато 22 пријави за насилство
врз децата на улица и 12 пријави каде што како насилници се јавуваат
децата без надзор. Од првата група, деца жртви на насилство 18 се
однесуваат на психо-физичко малтретирање и сексуална злоупотреба, една
пријава е за користење и препродавање на наркотици, две пријави се за
тешки телесни повреди врз децата од страна на родителот, како и една
пријава за педофилија. Во 12 случаи, децата на улица се јавуваат како
сторители на насилство и тоа најмногу во кражби, при што бараат храна за
да преживеат.
Септември, 1999 |
|