Тркалезна маса на тема:
Разоружувањето - предизвик или потреба

Во рамките на НВО саемот на 31 октомври во Александар Палас се одржа тркалезна маса на тема: Разоружувањето - предизвик или потреба.
На оваа тема одредени видувања дадоа Антонио Дојчиновски од НВО Баланс, проф. Билјана Ванковска, воениот аналитичар Петер Шкрбина, а свој придонес дадоа и Наташа Доковска, од “Новинари за права на жената и децата и заштитата на животната средина на Македонија” и Александар Цветковиќ, од Движење за разоружување од Југославија.
Проф. Ванковска кажа дека концептот разоружувањето - предизвик или потреба, за неа е дилема. Особено што се наоѓаме во еден период на постконфликтна фаза, во која што неможе да говориме за превенција со примарно значење, туку за превенција од трицијално значење. Или, со други зборови за превенција на превенцијата, бидејќи во Македонија толку многу е наталожено оружје, што примарната превенција веќе нема никакво значение.
Според проф. Ванковска, разоружувањето претставува политичко прашање и на него треба да му се пријде со сета сериозност.
Антонио Дојчиновски од НВО Баланс го презентира проектот на кој тие работат, констатирајќи дека оружјето е дел од “фолклорот” во нашата земја. Тој обајсни дека работат директно со младите, но дека имаат отпор. Проектот насловен како “Менуваме лента” има за задача да го пронајде оружјето меѓу младите на местата каде што тие се движат со помош на детектори за оружје. Но, како што кажа Дојчиновски немаат успех во работата со медиумите. За него, како еден од успешните начини на работа е примерот со Мириленд, САД, каде што одредени НВО ги мотивираат младите да го вратат оружјето, а за замена им даваат уметничка слика.
Воениот аналитичар Петер Шкрбина објасни дека постои методологија коај може да го детектира илегалното оружје во светот, а кој метод е познат под името "Монте Карло". И, според овој метод, г. Шкрбина располага со информацијата дека во Македонија има околу 80.000 парчиња оружје. Тој причината во појавата на големо количество на илегално оружје го гледа во тоа што во послендиве десетина години на територија на бивша Југославија се случија повеќе војни кои генерираа појава на низа парамилитарни групи, односно составени се нови воени системи од т.н. парамилитарни сили.
Што се однесува со НВО-ии и нивното инволвирање во процесот на разоружувањето, Шкрбина смета дека има потреба од тоа, особено што за време на овој процес можни се и сериозни инциденти. Но, претставниците на НВО, според него смеат да се инволвираат во процесот на разо­ру­жување, само и доколку тоа е регулирано со Законот за разоружување.
И, воениот аналитичар Петер Шкрбина смета дека ова е политичко прашање, кое за да се подржи мора да има консензус. Според неговите истражување 90 отсто од оружјето во Македонија е легално, но останатите 10 отсто се проблем. Затоа тој предлага пререгистрација на сето оружје кое ќе се разоружа.
Александар Цветковиќ од "Движење за разоружување" од Југославија смета дека не е можно целосно разоружување, особено не без глобална акција во целиот регион. А, таа акција тој ја гледа преку глобално мировно движење, за кое тврди дека има свои корени од пред 20 –тина години, но кое треба сега да се реактивира.
Наташа Доковска, претствник на НВО – “Новинари за правата на жена и деца и заштита на животната средина на Македонија” – (ЈЦВЕ) реплицирајќи му на Дојчиновски кажа дека во реализацијата на проектот на ЈЦВЕ голема улога одиграа и медиумите. Имено, тие инспирирани од нивниот проект започнале интензивна медиумска кампања преку пишување на оваа тема и на тој начин подигање на јавната свест кај граѓаните на Македонија. Исто така, беше истакнато дека примерот со Мириленд е многу далеку, особено што по тој принцип целата инфраструктрура е изградена по селата во Албанија, а нешто слично се случува и во рамките на нивниот проект. Имено, за време на свесткиот ден за уништување на оружјето, 9 Јули, ЈЦВЕ на најналдите, за секое вратено парче “оружје” (играчки во форма на пиштоли, пушки, бомби, дискети во кои има игри со насилство) добија по една книга или интерактивно ЦД.
Доковска ја презентираше и БАНСА, која е мрежа на невладини организации од Балканот кои што работат на полето на мало и лесно оружје. Нивната НВО започнува да објавува електронски весник, како и база на податоци.
Што се однесува до предлогот на Шкрбина за потребата од учество на невладиниот сектор во оваа сфера, Доковска кажа дека ЈЦВЕ веќе има поднесено предлог до пишувачите на новиот закон, НВО да се вклучат во процесот на разоружувањето, а дека за таа цел дел од членовите се обучуваат на разни тренинзи во странство.
Модераторот на оваа тркалезна маса, Суад Мисини заклучи дека во Македонија цивилното општество во многу мал процент се впушта во проекти со ваква содржина. А, и оние кои работат на тоа поле не се соединети, односно недостасува меѓусебна комуникација.
Неговиот заклучок го демантира Доковска која информираше дека во Македонија има мрежа на НВО кои ја третираат оваа проблематика и кои ја потпишаа Декларацијата за употреба на малото и лесно оружје.
 

back

Copyright © 2002 Novinari za prava na zeni i deca i zastita na zivotnata sredina na Makedonija Last modified: February 18, 2002